Пожар избувна во Цементарница Усје 

Пожар избувна во фабриката за градежни материјали Цементарница Усје, инаку една од најголемите компании во земјата.

Попладнево можеше да се забележи густ чад како излегува од капацитетот за прпоизводство на цемент.

Од територијалната противпожарна единица Скопје информираат дека станува збор за дефект на електрична инсталација во печките. П

Противпожарната служба е на терен и во моментот интервенира. Оттаму велат дека засега не станува збор за посериозен пожар и оти нема поголема опасност од него.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons