Македонија

Пожарот кај штипското село Селце е ставен под контрола

Пожарот кај селото Селце, општина Штип е ставен под контрола и очекуваме до крајот на овој ден да биде и целосно ликвидиран, информираше доцна попладнево заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“ Кире Михаилов.

„Веќе е доцна попладне, а може да кажам дека денешните активности на ТППЕ Штип, нашите служби на ЈП „Македонски Шуми” и силите на Дирекцијата за заштита и споменици (ДЗС) целосно ја завршија својата работа и го исполнија очекуваното. Освен чадење во овој момент во внатрешноста, нема никаква друга активност“, вели Михаилов.

Тој посочува дека денеска бил изгаснат еден крак јужно кон викендиците, каде што било и изорано со огромен трактор и два крака во близина на селото Селце.

„Во денешниве активности учествуваа пет наши колеги со едно специјализирано возило и опрема за сите, ТППЕ Штип со две специјализирани возила со неколку пожарникари и неколку тимови на ДЗС со неколку пинцгауери“, вели Михаилов.

Инаку вчера на овој пожар се интервенираше и од воздух, односно беа вклучени и ер тракторите и хеликоптери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons