Пожарот кај Отовица локализиран, ќе дежураат пожарникари 

РЦУК Велес соопшти дека пожарот кај село Отовица е локализиран и изгаснат, а на терен е останата екипа од ТППЕ Велес со тројца пожарникари и едно противпожарно возило поради контрола.

Во 20:45 локализиран е и пожарот кај Ајватовци.

-Денеска хеликоптерската единица за посебни намени при Одделот за воздухопловни единици беше на висина на задачата, учествувајќи во локализирање на пожарот кај велешка Отовица, којшто беше пријавен дека настанал во 13.40 часот на автопатот Велес-Скопје, поточно меѓу автопатот и железничката пруга, пред мостот кај наплатната станица “Отовица”, соопшти МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons