МакедонијаНајново

Пожарот во Елен Камен е локализиран 

Пожарот кој вчера избувна во шумата над туристичката населба Елен Камен, кај Струга е локализиран односно ситуацијата е целосно под контрола, изјави за Алсат командирот на струшката противпожарна бригада, Фети Мазари. Повеќе нема никаква опасност како за викендиците кои се наоѓаат на тој потег, и за хотелските капацитети. И претседателот на месна заедница во Елен Камен, Емил Полоски за Алсат рече дека повеќе нема никаква опасност за куќите.

Синоќа, јужниот ветер го прошири огнот до близина на куќите, а особено критично беше околу 1 часот по полноќ кога пожарот се доближил до една од куќите но веднаш бил локализиран. Жителите со кои Алсат синоќа контактираше велат дека ноќта ја поминале будни, поради страв за нивните животи и имоти, но оти сега состојбата е добра.

„Дежураме од вчера,цела ноќ. Под контрола е сѐ. Нема опасност и за викендиците и за хотелот Мак Петрол.Тука сме на лице место, екипа на противпожарната служба, така и екипа од шумска полиција.Пожарот е локализиран, и затоа нема никаков ризик“, рече Фети Мазари командир на противпожарната бригада во Струга.

Според првичните информации, пожарот започнал од искрење на жици од електрични столбови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons