Поради високите цени јагнешкото месо стана луксуз за Велигден 

За штипјани јагнешкото за велигденската трпеза е вистински луксуз. Во месарниците килограм јагнешко се продава по цена од 460 денари па нагоре, но вистинскиот проблем, велат граѓаните, се ниските примања и што за време на ковид пандемијата многумина останаа без работа, па сега не им дозволува домашниот буџет.

-Не, не дозволува. Еве јас сум невработена така што многу е тешко.

-500 денари, многу е скапо јагнешкото месо.

-Скапо е за мене и со оваа пензија, тешко.

-Не знам колку е, ама скапо е и го нема секаде – анкета.

Сепак, не се откажуваат од традицијата на големиот христијански празник, на трпезата да има јадење со месо.

-Со кокошка, со пилешко.

-Свинско, ребра или нешто такво – анкета.

Од кланичката индустрија растот на цената на јагнешкото месо го правдаат со недостиг од македонско јагне, кое се уште е многу барано на хрватскиот и италијанскиот пазар. Побарувачката за извоз од година во година е поголема, понудата послаба, а опаѓа и куповната моќ на македонските граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons