Поевтинува струјата за компаниите и државните институции кои немаат договор со трговец 

Околу 500-тини интитуции на централно и локално ниво се снабдуваат со електрична енергија од слободниот пазар, а некои од нив немаат договори со трговците и поради тоа на ЕВН Снабдување како краен снабдувач му плаќаат дури 50 отсто повеќе и од онака скапата струја лија цена се формира на мешународната берза.

Покрај државните институции, на слободниот пазар се и околу 1.500 компании, меѓу кои голем дел од нив на почетокот од енергетската криза останаа со раскинати договори со трговците и мораа струја да обезбедуваат од ЕВН како краен снабдувач.

Регулаторната комисија за енергетика донесе измена на тарифниот систем во која цената на слободниот пазар од HUPX берзата наместо со 1,5, сега ќе се множи со коефициент 1,2.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска информираше дека ова се прави пред се поради неодговорните државни институции меѓу кои голем дел од своите буџети трошат за електрична енергија од крајниот снабдувач, наместо да имаат договори со трговците на слободниот пазар.

– Ако едно училиште купувало струја од слободниот пазар тоа би ја плаќало 440 евра по мегаватчас. Тука влегува 400 евра од HUPX цената и 40 евра за трговецот. Но бидејќи нема договор, училиштето плаќа 600 евра за мегават час – 400 евра за HUPX и 200 евра како 50 отсто плус за крајниот снабдувач. На крај, разликата е 160 евра која треба да ја плати државата, рече Бектеши и додаде дека оваа мерка ќе биде и големо олеснување за компаниите на слободниот пазар.

Ова како мерка Владата на седница, која се одржала на 30 август 2022 година, го препорачала до Регулаторната комисија за енергетика за да се измени тарифниот систем во насока на промена на цената која ја плаќаат потрошувачите кои се снабдуваат од снабдувачот во краен случај, односно да се измени формулата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons