Поевтинуваат горивата
Од вечерва на полноќ поевтинуваат сите видови на горива, соопшти Регулаторна комисија за енергетика.
Бензините ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 се намалуваат за два денари, и од утре ќе се продаваат по цена од 78, односно 80 денари по литар.
ЕУРОДИЗЕЛ се намалува исто за два денари, и ќе чини 67 денари.
За два денари поевтинува и екстра лесното масло и ќе чини 66 денари по литар. Мазутот се намалува за 1,5 денари и ќе чини 39,6 денари.