По осум часа уапсен масовниот убиец, се криел во Крагуевац

Уапсен е масовниот убиец Урош Б., кој синоќа уби осум и рани 13 лица во Маледновац, дознава српски  „Блиц“.

По интензивната акција на српската полиција која цела ноќ беше на терен со сите расположливи сили, по осум часа убиецот е пронајден во Крагуевац. Како што пренесува Новости, тој наводно се криел кај својот вујко.

Урош Б. во селото Дубона кај Младеновац уби осум и повреди 13 лица. Избезумениот напаѓач пукал од автоматски пушки и пиштоли.

Урош го започнал крвавиот пир на едно место кога излегол од својот автомобил и испукал рафал кон група луѓе кои седеле околу логорски оган на пикник. Потоа продолжил  и на неколку километри и излегол од автомобилот и застрелал четири лица кои поправале капија во еден двор.

Потоа се вратил во автомобилот и се упатил кон центарот на селото Дубона и повторно пукал, каде што убил две лица, еден полицаец кој не бил на должност и неговата сестра. Убиецот потоа побегнал и од синоќа по него трага повеќе од 600 припадници на српското МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons