Турција ја одби помошта од Кипар

Турција ја одби помошта од Кипар, кој не го признава како држава.

Кипарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Турција „учтиво ја одбила“ нивната понуда за спасувачки тим да помогне во напорите за пребарување, и покрај тоа што прво ја прифатила помошта. Кипарскиот тим од 15 спасувачи, лекари и болничари бил во состојба на готовност од средата.

Кипарското министерство објави дека понудата, иако е одбиена, сепак останува, и изрази благодарност до „професионалните спасувачи, кои се подготвени да спасуваат животи насекаде“.

Илјадници турски војници се стационирани на отцепениот север на кипарските Турци од 1974 година, кога Турција изврши инвазија. Кипар беше поделен со турската инвазија на островот на 20 јули 1974 година, пет дена по државниот удар на Кипар извршен од тогашната владејачка воена хунта во Грција, при што на власт дојдоа поборниците за обединување на Кипар и Грција. Турција е единствената земја што ја признава Турската Република Северен Кипар.

Проблемот со статусот на оваа територија е камен на сопнување за ЕУ, Грција и Кипар, од една, и Турција, од друга страна.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons