МакедонијаНајновоПолитика

Петрушевски: Филипче да ги достави до обвинителството сите информации за скандалот тежок 37 милиони евра во Министерството за одбрана за времето на Петровска, во спротивно ќе сметаме дека сака само да лаже и да ја замајува јавноста

Венко Филипче пред некој ден прозборе за криминал во редовите на СДС вреден 37 милиони евра и го снема. 

Филипче како личност која сака во Европската унија по секоја цена, сака европско обвинителство треба да им помогне на надлежните институции за почеток на јавното обвинителство и да им ги даде сите расположливи информации. 

Доколку  Венко Филипче не го стори тоа, и ова јавно изразување на сомнеж за криминал тежок 37 милиони евра кој го поврзува со поранешната министерска Славјанка Петровска, а сега актуелна пратеничка и дел од платформата 12.05, ќе го разбереме како уште една лага во низата лаги кои ги кажува во јавноста. 

И во оваа прилика го прашуваме Филипче од кога имал информации за овој скандал во Министерството за одбрана, а во кој е вклучена Петровска, зошто сега излегува со информации во јавноста и дали има намера да ги достави информациите до јавното обвинителство или и ова ќе остане на ниво на замајување на јавноста. 

Филипче треба да излезе во јавност и да каже доколку знае и други вакви и слични случаи во редовите на СДС, бидејќи само така може да се оди кон ЕУ, а не со лажење и манипулирање на јавноста. Филипче е на потег да се вклучи и реално во борбата со корупција како клучен услов за членство во ЕУ.

Линк од видео материјал:

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons