ПАТРИЈАРХОТ ПОРФИРИЈ ГО ВРАЧИ ТОМОСОТ НА АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН: Официјално призната автокефалноста на МПЦ-ОА 

Во Соборниот храм во Белград се одржа света архиерејска литургија на која служеа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот македонско-охридски г.г. Стефан со епископите на двете цркви.

По литургијата се обрати патријархот Порфириј.

-Денес по милоста Божја имаме можност да го крунисаме она што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството. Тоа единство беше нарушено во еден период, но беше запоставено во духот на Црквата, а тоа е дека Македонската црква, Охридската архиепископија има не само услови туку и потреба да се организира во контекст на автокефална црква, да испадне да биде најдобар можен начин на живот на нашите православни браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку денешното служење на литургијата во Скопје, чувствуваме дека ќе го соопштиме јавно и пред сите со документ наречен томос.

По литургијата, Патријархот на СПЦ му врачи томос на Архиепископот Стефан за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква.

На седницата на Светиот архиерејски синод во мај годинава беше донесена едногласна одлука за признавање на автокефалноста на МПЦ.

За таа одлука гласаа сите 42 епископи на Српската православна црква.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons