Пандев: Италијанците уште не можат да преболат дека поради нас не се на СП

Горан Пандев вели дека во Италија се уште зборуваат за поразот од Македонија, никако не можат да го преболат фактот што поради нас не се дел од Светското првенство. 

Горан Пандев имаше јавување од Италија за „Спортклуб“ и посочи дека Италијанците и по девет месеци од мечот со Македонија, не можат да го преболат поразот. „Во Италија се уште зборуваат како Македонија ја исфрли Италија од СП. Не можат тоа да го прифатат. Гледам мечеви на Раи Уно и пред меч, после меч постојано споменуваат како Италија недостига. Италијанците се такви, сакаат да ја гледаат својата репрезентација“, вели Пандев. За најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Португалија е еден од главните фаворити за освојување на Светското првенство. 

„Мене многу ме изненади Португалија во позитивна смисла и мислам дека на крај може да го освојат ова СП. Јас се надевам дека нè чекаат добри мечеви, да има голови, зашто сите навистина се добро тактички и физички подготвени. Фаворити? Кога ќе дојдеш меѓу најдобрите осум – нема фаворити. Сигурно е дека ќе бидат интересни мечеви. Бразил има фонд на играчи, 22-23 врвни, исто и Франција. Но, мене многу позитивнио ме изненади Португалија. Португалија го одигра најдобриот меч на ова СП, имаат навистина силна репрезентација и ги гледам како едни од првите три фаворити за освојување на титулата“. 

Горан Пандев го искоментира и поразот на Шпанија. „Ова Светско првенство навистина е интересно, навистина се игра во еден чуден период и мислам дека има доста добри мечеви. За мене Мароко и не е некое изненадување, зашто Мароко има квалитетна селекција, тактички многу добра, технички со врвни играчи и заслужено победија. Шпанците играат до нога, ама немаат завршен пас. Нема простор во игра, немат конкретни шанси, а иако влезе Мората ништо не се смени. Изненаден сум од Луис Енрике, зашто не проба ништо да смени, да не може да направи нешто поконкретно. Постојано играат еден ист фудбал. Мака ми е за нив, ама Мароканците заслужено ги победија“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons