Пад на акциите на европските берзи 

На европските берзи утринава цените на акциите паднаа бидејќи инвеститорите стравуваат од агресивно зголемување на каматните стапки на централната банка на САД, кои истовремено се загрижени и од забавувањето на кинеската економија.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот беше во минус за 0.4 отсто.

Утринава лондонскиот FTSE индекс ослабна за 1,79 отсто, на 7.387 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 1,63 отсто, на 13.911 поении, а париски CAC се намали за 1,93 отсто, на 6.454 поени.

Падот на индексот е резултат на сигналот на федералните резерви на САД за агресивно зголемување на клучните каматни стапки, но и забавување на растот на кинеската економија, јавуваат медиумите.

Ниту победата на Емануел Макрон на вчерашните избори во Франција не ги охрабри инвеститорите. Во исто време на азиските берзи цените на акциите исто така драстично паднаа, па Азиско-пацифичкиот индекс MSCI, без јапонскиот, беше во минус од 2,5 отсто во 9:30 часот и се „лизна“ на најниското ниво во последните шест недели.

На токиската берза индексот Nikkei падна за 1,9 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Хонг Конг и Шангај се лизнаа меѓу 1,7 и 5,1 отсто.

„Загриженоста за каматните стапки и рецесиите сега се најголем ризик за инвеститорите. Зголемувањето на цените на храната и горивата, заедно со завршувањето на програмите за стимулирање на Централната банка, може да предизвика пад на потрошувачката, а со тоа и на економијата“, рече Кендис Браунинг, директорка за истражување во банката на Америка.

Инвеститорите ги загрижува и ризикот од понатамошен раст на инфлацијата, поради зголемување на цените на енергијата, што може да ги наведе централните банки на заострување на монетарната политика. А, со тоа ќе се забави растот на глобалната економија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons