Падна снег во Киев, милиони Украинци се без струја 

Во украинската престолнина Киев падна првиот снег сезонава, а 10 милиони Украинци без струја. Службите се обидуваат да ја вратат струјата низ целата земја, откако Русија на почетокот на оваа недела го изврши, според Украинците, најтешкото бомбардирање на цивилната инфраструктура од почетокот на војната.

„Во моментов, повеќе од десет милиони Украинци се без струја, особено во регионот на Киев“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Во Донбас има жестоки битки. Русија со недели ја уништува енергетската инфраструктура во Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons