МакедонијаНајново

Две возила изгореа во Карпош, оштетен и семафор – полицијата истражува

Во раните утрински часови денеска во скопската населба Карпош избувнал пожар во кој целосно изгореле две патнички возила, при што е оштетена и сообраќајна сигнализација, соопшти Министерството за внатрешни работи. Надлежните служби работат на утврдување на причините за инцидентот.

Според информациите од МВР, на 26.04.2026 околу 05:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улиците „Орце Николов“ и „Никола Тесла“ биле опожарени две возила со гевгелиски регистарски таблички – „ауди“ сопственост на 58-годишен К.К. и „пежо 307“ сопственост на 25-годишен К.К. Во настанот нема повредени лица.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Пожарот, според првичните информации, избувнал на паркинг во близина на Технолошко-металуршкиот факултет, каде биле паркирани повеќе возила, што создало ризик од поголема материјална штета. Благодарение на брзата интервенција на противпожарните екипи, огнот бил ставен под контрола и спречено било негово ширење кон останатите автомобили и околните објекти.

Жители од околните згради сведочат дека пред да го забележат огнот слушнале звуци слични на пукање и почувствувале силен и непријатен мирис, по што излегле надвор и го виделе пожарот.

Во близина на местото на настанот се наоѓа и Амбасадата на Унгарија, но засега нема информации за каква било загрозеност на објектот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons