ОЈО ги предаде на вештачење доказите за двојното убиство во Чаршија 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за расчистување на вчерашното двојно убиство во близина на Старата скопска чаршија.

Ќе биде извршена обдукција на телото на починатите. Обезбедени се и подигнати сите траги и материјални докази од местото на несреќата во угостителскиот објект и предадени се на вештачење. Обезбедени се видео записи од самиот објект, околните обејкти и од системот „Безбеден град“, што ќе бидат проверени детално.

Јавниот обвинител издаде наредба да бидат извршени разговори со повреденото лице, со неколку други лица кои биле присутни во угостителскиот објект за време на настанот, како и со други лица кои би можеле да имаат некакви сознанија за инцидентот, соопшти ОЈО Скопје.

На локацијата на којашто вчера беше опожарен автомобилот, полицијата врши увид и преглед, а се прибрани траги и докази што исто така ќе бидат предмет на вештачење.

Истражните органи продолжуваат да преземаат интензивни дејствија за проверка на сите околности и откривање на сторителите.​

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons