УЈП го одложи генералниот штрајк 

Синдикатот на вработените во Управата за јавни приходи донесе одлука да го одложи генералниот штрајк што беше закажан за денеска, а се должи на одложувањето на процесот на помирување, бидејќи назначениот помирувач Лазар Јовевски вчера побарал иземање. Секојдневниот протест во траење од два часа не е одложен. Во своето образложение Јовевски навел дека е во странство и дека не може да се врати во земјава во рокот од три дена за преговори  со Министерството за финансии.ж

Синдикатот во УЈП затоа најави дека сега ќе мора да предложат друг преговарач и за тоа да се информира  Министерството за труд и социјална политика.

Вработените во УЈП веќе три недели протестираат со барање да се почитува колективниот договор и да им се зголемат платите за 30 отсто исто како што тоа беше направено со вработените во Министерството за финансии.

Вицепремиертот Фатмир Битиќи смета дека барањата на УЈП за повисока плата не се целосно во согласност со законите и најавува дека општиот Колективен договор со новата методологија, кој ќе се презентира во четврток на Економско социјалниот совет е дел од решението.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons