Охридски пливачки маратон сепак ќе има, ќе го организира општината 

На денешниот координативен состанок кој го свика градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, донесена е одлука да се одржи Охридскиот пливачки маратон. 

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков донесе одлука општината да го организира овогодинешното издание на Охридскиот маратон со цел да не биде прекината традицијата. Маратонот ќе биде поддржан од спонзори и од Агенцијата за млади и спорт. Охридскиот маратон традиционално се одржуваше под покровителство на Претседателот на државата, но од неговиот кабинет вчера стигна соопштение дека оваа година нема да се одржи поради блокирана сметка на федерацијата. Градоначалникот Кирил Пецаков синоќа на социјалните мрежи напиша дека Охрид бил целосно подготвен за одржување на пливачкиот маратон. 

„Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон“, напиша Пецаков. 

А денешната одлука на координативното тело значи дека Општина Охрид целосно ќе ја преземе организацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons