Официјално: Објавена е причината за смртта на кралицата Елизабета

Кралицата почина на 8-ми септември во замокот Балморал во Шкотска. Таа имаше 96 години. Уверението за смртта на кралицата денеска го објави Шкотскиот национален регистар.

Кралицата Елизабета II починала од старост, открила нејзината посмртна потврда.

Таа беше најдолговечниот британски владетел и најстариот монарх во светот. На почетокот на оваа година таа прослави седумдесет години на тронот.

Нов британски крал стана Чарлс, човекот кој најдолго го чекаше тронот во историјата на монархијата. Тој ја носи титулата Чарлс III.

„Во текот на својот живот, мојата сакана мајка беше инспирација и пример за мене и за целото мое семејство. Најискрениот долг, како и секое семејство на мајката, ѝ го должиме за нејзината љубов, наклонетост, водство и пример. Нејзината посветеност и лојалност како суверен никогаш не се поколеба, во време на промени и напредок, во време на радост и славење и во време на тага и загуба“, рече Чарлс по смртта на кралицата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons