Остануваме без матични лекари

Македонија останува без матични лекари. Граѓаните полека ќе нема кој да ги лекува. Околу 300 од постарата генерација лекари се веќе пред пензија. Добар дел и од останатите се во поодминати години. Ако нешто не се промени, состојбата сè повеќе ќе се влошува, алармираат од Лекарската комора.

„Ние минатата година извадивме за матичените доктори дека имаме во државата 232 матични над 60 годишна возраст, што значи дека скоро ќе нема матиични. Треба да се мотивираат луѓето, да се помогне луѓето да се ориентираат…“, рече Калина Гривчева Старделова-претседател на Лекарска комора.

Дополнително загрижува податокот дека сè помалку од новодипломираните лекари се одлучуваат да работат како матични.

„Ако сакате да го задржите дајте му работа, дајте му плата и можност да се едуцира и да се покаже да оди напред“, додава Гривчева.

И во туристичките центри Охрид и Струга дури половина од матичните лекари се пред пензија. Во здравствениот објект познат како Маларична амбуланта во Охрид, од 10, сега се останати само 3 матични лекари.

„Во секое време ако сакаме сите можеме да одиме во пензија. Меѓутоа решивме да продолжиме. Многу ретко младите се решаваат да останат како матични во примарното здравство. Преобемната административна бирократска работа многу ни го отежнува нашето работење, ни одзема голем дел од времето што треба да го посветиме на прегледи…“, вели Виолета Мицкоска- матичен лекар.

Слична е состојбата и со матичните гинеколози. И таму добар дел се пред пензија, особено оние во помалите средини. Дополнително на тоа целото јавно здравство се соочува и со голем број иселувања на кадрите во странство или со заминување во приватните болници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons