ОРБАН ЈА ЈАКНЕ АРМИЈАТА: Воведува нов данок за компаниите за да ги ограничи цените на енергијата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека воведува нов данок за компаниите со цел да одговори на поскапувањето поврзано со војната во Украина и да ги финансира новите трошоци за одбрана.

Веста доаѓа еден ден по воведувањето на втората вонредна состојба поради руската офанзива, додека првата, поврзана со епидемијата на Ковид-19, истекува во вторник.

Во видеото објавено на Фејсбук, Орбан објаснува дека новиот данок се однесува на „банките, осигурителните компании, трговците на големо, малопродажните синџири и енергијата, телекомуникациите и авиокомпаниите“.

Така издвоените пари годинава и во 2023 година ќе се искористат за две работи: за зајакнување на армијата и за ограничување на цената на енергијата и водата.

-Војната и „бриселската политика на санкции“ против Русија доведоа до „раст на цените“ што заедно со растот на стапките „донесува дополнителен приход на банките и мултинационалните компании“, ја објасни својата одлука унгарскиот премиер.

„Детали и бројки“ во врска со оваа мерка ќе бидат објавени во четврток, додаде Орбан.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons