ОПАСНА ГЛЕТКА ОД ПАТАРИНА ДОЦНА ВЕЧЕРВА: 46 годишен возач ЗАГИНА откако удри во бетонска преграда на автопат во Хрватска (ФОТО) 


Тешка сообраќајна несреќа во која загина 46 годишен возач откако од силината на ударот бил исфрлен од своето возило се случила во средата вечерта на автопатот А4 Загреб-Горичан, соопшти полицијата.

Несреќата се случила околу 20 часот и 15 минути на наплатната рампа Горичан на автопатот А4 Загреб-Горичан, кога патнички автомобил удрил во преградата што ги дели сообраќајните ленти.

Возилото се издигнало во воздух и се превртело на покривот, а од ударот 46-годишниот возач испаднал од возилото и починал.

Полицијата, итната медицинска помош и пожарникарите излегле на терен, а во тек е увид, по што ќе се знаат повеќе информации за несреќата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons