Актуелно

Од 16 март ќе се замрзнат цените на тестенините и млечните производи

Владата донесе две нови одлуки за замрзнување на цените на тестенините и млечните производи. Макароните и шпагетите ќе имаат за 15 отсто пониски цени, а мерката ќе почне да се применува од 16 март. Бидејќи овие производи се 100% увезени од странство, сега ќе бидат целосно ослободени од царина. Претходно плаќаа само 50% од царината. Во меѓувреме, некои млечни производи ќе имаат замрзнати цени, 10% пониски од цените од 1 март кој е земен како референтен датум. Премиерот Ковачевски го наброја списокот на производи чии цени ќе бидат замрзнати.

Министерот за економија Крешник Бектеши, рече дека не само што ќе останат овие одлуки, ќе следат и други олеснувања за компаниите кои сакаат да ги намалат цените и до 20 отсто на основните производи. За нив би можела да се врати субвенцијата за струја, но не кажа дали за тоа ќе има некаков закон или повторно само џентлменски договор.

Врз основа на листата на основни прехранбени производи кои од лани имаат маржа на ДДВ од 5% на големо и 10% за продажба на мало, остануваат уште некои кои немаат лимит за цените. Следната недела власта ќе го анализира пазарот за шеќер, јајца и домашен ориз. Доколку производителите самите не ги намалат цените и за нив ќе има интервенција и замрзнувања. Досега беше утврдена само највисоката цена на белиот и полубелиот леб од 33 денари. Мерката функционира и ќе трае до 31 мај./Алсат.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons