Ако во Уставот влегуваат Бугарите, ќе влезат и Евреите 

Покрај Бугарите, во Уставот ќе влезат и Евреите, најавува премиерот според кого, тоа го поддржуваат и другите владини партнери. Се сретнал и со претставници на израелскиот Парламент.

Ковачевски ја обвини ВМРО дека прави политика за да го блокира европскиот пат на државата. Од партијата на Мицкоски пак, одговараат велат дека премиерот се плаши бидејќи не само што нема мнозинство, туку и многу пратеници на СДСМ нема да гласаат за уставните измени.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во групата за уставни измени затоа што не му даваме кредибилитет на неверодостоен процес. Нашиот став за уставните измени е непроменет. Овој парламентарен состав нема легитимитет за тоа. Ако станува збор за дебати за ова во Собранието, ќе ги покажеме аргументите против насилничкото донесување на уставните измени под бугарски диктат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Надлежните велат дека наскоро ќе се формира група експерти по уставно право и правници, која ќе ја координира Министерството за правда. Потоа овие експерти ќе ги подготват амандманите со кои треба да се менува Уставот. Откако ќе се подготват, ќе бидат ставени на јавна расправа. Откако таа ќе заврши, амандманите одат на разгледување и расправа во Собранието. Потоа за да бидат усвоени треба двотретинско мнозинство од пратениците. Сите овие процедури власта очекува да завршат до крајот на октомври годинава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons