Од 1 ноември граѓаните ќе имаат топлинска енергија 

И од 1 ноември граѓаните ќе имаат топлинска енергија, уверува министерот за економија Крешник Бектеши. Тој на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека е склучен договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас за топланите, а за подетелни информации упати на ЕСМ.

„Склучен е договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас. Ќе работи дополнително и ТЕТО која ќе покрива 60-70 проценти од потребите на топлинската енергија. Пропаднаа во вода кажувањата на одредени енергетски екссперти дека требаше уште пред два-три месеца да направиме договори кога цената на природниот гас беше од 3.000 до 4.000 евра за нормален метар кубен“, изјави Бектеши, додавајќи дека цените по е направена набавката на природен гас се двојно пониски од овие што ги кажувале експертите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons