ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ШТИП ПОДГОТВЕТЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ – започнува со работа новата патарина

Од понеделник во 7 часот ќе бидат ставени во функција наплатните рампи Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип и обратно.

На наплатните станици целосно функционира Електронскиот систем за наплата на патарина.

-Посочуваме дека првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово, може да се употреби и М-смарт картичката како електронски уред за наплата на патарина, информира денеска Јавното претпријатие за државни патишта.

Наплатните станици Преод и Кадрифаково имаат по седум наплатни кабини. (МИА)

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons