ОД ВЕЧЕР ПОЧНУВААТ ДОЖДОВИ И СНЕГОВИ Денеска сончево со мала до умерена облачност 

Кон крајот на денот и во ноќните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. АМСМ препорачува внимателно возење.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во ноќните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

Во Скопје е сончево со мала до умерена облачност. Во ноќните часови кон понеделник ќе има повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 9 степени.

Од денеска во вечерните часови под влијание на нов влажен бран ќе започнат врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во понеделник, како и во вторник претпладне (локално над 30 л/м2).

Врнежи од снег ќе има најпрво на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а од понеделник попладне и на некои повисоки места. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и постудено време со слаби локални врнежи од дожд и снег.

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Магла со видливост до 50м. има од Групчин до Тетово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons