Одлуката на пекарите останува, и денеска нема да испорачуваат леб 

И денеска на полиците во маркетите нема да има леб, велат пекарите. Тие остануваат на одлуката од понеделникот дека производство и испорака нема да има.

Како што велат за МИА нивни претставници, подготвени се за разговор со надлежните институции, но тогаш кога ќе добијат официјална покана, а не „повик“ или „апел“ преку прес-конференција.

Според пекарите, никој не треба да очекува дека ќе има леб за 20 денари. Цената не требаше да се замрзне зашто тоа, потенцираат, се коси со уставното право за слобода на пазарот, ниту требаше да се укине субвенционираната струја зашто мерката даде резултат. Леб за 32 до 35 денари имаше во малопродажбата, зависно од квалитетот и грамажата.

Пекарската индустрија во оваа новонастаната ситуација, очекува поддршка од сите останати индустрии во земјава.

-Нашата одлуката останува во сила. И денеска нема да се ипорачува леб на пазарот. Се чека Владата да одлучи позитивно во однос на барањата на пекарите. Замрзнувањето на цената се коси со уставното право за слобода на пазарот. Очекуваме поддршка и од другите индустрии, од сите, зашто ако ова и се случува на пекарската индустрија, може да им се случи и на нив – потенцира во разговор за МИА претставник од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

Сопственик на една од поголемите мелници дополнува дека субвенционираната струја ја исполни целта.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons