ОДЛИЧНИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: Од овој викенд се враќа летото кај нас и во целиот регион 

Славчо Попоски објави метео анализа за претстојниот викенд.

„Од овој викенд во Македонија, но и во целиот регион, а особено важно за соседна Грција за сите што планирате одмор токму во оваа наша соседна држава, се враќа летото и сонцето, што значи дека ќе бидеме под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, но сепак утрата ќе бидат свежи.

Стабилното, суво, сончево и топло време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека особено во Малешевијата температурата ќе се спушта и под 10 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени, што значи дека ќе бидат натпросечно високи.

Натпросечно топло ќе биде во целиот регион.

Во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и топло време преку денот, додека наутро ќе биде релативно свежо со минимална температура која ќе се спушта во интервалот помеѓу 14 и 15 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 30 степени.“ напиша тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons