Овој градоначалник и неговото семејство се најдoa на американската Црна листа

САД го назначи градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за персона нон грата во САД, поради вмешаност во корупција.

„Соединетите Американски Држави го назначуваат градоначалникот на општина Струга, Северна Македонија, Рамиз Мерко, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвои средства и се мешаше во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија.

Денешната акција испраќа порака дека Соединетите Држави стојат со Северна Македонија за поттикнување на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на недостатоците во владеењето на правото. Оваа ознака ја потврдува посветеноста на Соединетите Држави за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ“, стои во соопштението на амбасадата на САД.

„Оваа јавна ознака е направена според член 7031(в) од Законот за доделување средства на Стејт департментот, странски операции и сродни програми, 2023 година. неподобни за влез во САД“, се додава во соопштението.

Одделот, исто така, ја означува сопругата на Мерко, Шпреса, и трите возрасни деца, Генц, Назмије и Дренуша како неподобни за влез во Соединетите држави.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons