Овие граѓани ќе бидат ослободени од плаќање патарини! 

Отворени сме да разговараме за сите овие прашања што ги мачат онколошките пациенти. Ова вчера го кажа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски посочувајќи дека кога ќе пристигнат барањата  од страна на граѓаните, ќе ги разгледаат. Според  Бочварски ќе бидат ослободени онколошките пациенти од Штип и источниот регион од плаќање на патарини до Скопје и назад до местото каде што живеат.

Бочварски кажа дека државата ќе даде поддршка на сите граѓани на кои што им е потребна помош.

-Оваа Влада покажа и денеска и во изминатиот период дека кога е тешко, кога има криза, кога има ковид – криза, кога има енергетска криза е овде да им помогне на граѓаните, рече министерот Бочварски по увидот во градежните работи на брана на река Отиња во Штип.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons