ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ВЕЧЕРВА ОДИТЕ НА ПАТ: Возете претпазливо, на овој пат има паднато одрони

Поради обилните врнежи од дожд и можната појава на одрони, да се вози претпазливо на патот Делчево – М.Каменица – Кочани, апелираа од подружницата на ,,Македонија пат” кои пред половина час исчистија повеќе паднато одрони од коловозот пред делчевското село Очипала.

-Одроните беа отстранети околу 20 часот, а наши екипи остануваат на терен на оваа делница која е доста проблематична особено по обилни дождови. Апелираме на внимателно возење на возачите со задолжително почитување на сообраќајната сигнализација, истакна раководителот на подружницата Влатко Цоневски.

Поради дождот сообраќајот на оваа делница која е дел од магистралата А3 се одбива по влажни коловози.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons