Актуелно

Објавени пет повици за закуп на државно земјоделско земјиште

Министерот за земјоделство во заминување, Цветан Трипуновски, информираше дека се објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со површина поголема од три хектари.

Како што посочи Трипуновски, целта на овие повици е активирање на државното земјоделско земјиште и негово ставање во функција на земјоделците.

„Објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над три хектари. Со ова исполнуваме уште едно ветување и продолжуваме со политиките за ставање во функција на секој хектар земјоделско земјиште во корист на земјоделците“, наведе министерот.

Посебен акцент стави на Јавниот повик бр. 01/26, кој се однесува на регионите Битола и Прилеп. Според него, по речиси две децении, при доделувањето на земјиштето предност ќе имаат сточарите, со цел поттикнување на развојот на сточарството.

Тој ги повика сите заинтересирани земјоделци да се информираат за условите и критериумите за учество преку подрачните единици на Министерството за земјоделство.

„Заедно создаваме посилно и одржливо земјоделство“, порача Трипуновски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons