Обезглавен труп пронајден во скопско Визбегово 

Труп без глава е пронајден на магистралниот пат Скопје – Блаце вчера претпладне. 

Увидна екипа, екипа на судска медицина како и јавен обвинител го испитуваат случајот.

Обезглавеното тело е пријавено на коловозот кај клучката кај Визбегово која води кон скопската обиколница.

Неофицијално, најверојатно станува збор за илегален мигрант кој нелегално се превезувал во приколка на камион од која и паднал, по што бил прегазен од тешко товарно возило кое не застанало и се оддалечило од местото на настанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons