Актуелно

Обвинителството бара преиспитување на ослободителната пресуда за таткото на Вања пред Апелација

Апелацискиот суд Скопје денеска на јавна седница ја разгледуваше жалбата на Обвинителството поднесена против ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Обвинителот Дарко Јакимовски оцени дека првостепениот суд не ги анализирал доволно доказите што, според обвинителството, упатуваат на негова вмешаност во настаните што претходеле на киднапирањето. 

Одбраната на Ѓорчевски, пак, остана на ставот дека нема ниту еден доказ што го поврзува со кривичните дела. Адвокатот Владимир Туфегчиќ оцени дека Основниот суд правилно ја утврдил фактичката состојба и ја исклучил можноста за негова вина.

На седницата беа спроведени четворицата осудени на доживотен затвор – Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев.

Одбраната на обвинетите бара укинување на првостепената пресуда и повторување на постапката пред Основниот кривичен суд Скопје.

Според обвинението, обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило за да го користат за грабнување на девојчето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Апелациониот суд ќе ја донесе одлуката по разгледување на сите поднесени жалби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons