Неделен хороскоп: 27 ноември – 3 декември 

Што ни носи хороскопот во последната недела од ноември?

ОВЕН

Бидете  јасни. Полната Месечина во Близнаци го осветлува вашиот сектор на комуникација, помагајќи ви да дојдете до јаснотија, но и да ги надминете недоразбирањата кои можеби постојат. Во сабота, Меркур влегува во Јарец, што за вас може да донесе напредок во кариерата.

БИК

Слушнете го сопственото тело. Во понеделник, полната Месечина во Близнаци ви помага да се посветите на вистината за себеси. Меркур влегува во Јарец во сабота, што ќе ве поттикне да ги примените научените лекции од изминатите шест месеци. Нема потреба веќе да учите на потешкиот начин. 

БЛИЗНАЦИ

Почнете од почеток. Оваа полна Месечина е во вашиот знак, што ви помага да ги искористите своите силни страни – комуникативност, хумор и адаптибилност, на начин на кој ќе почнете од почеток, но со сета моќ која ја поседувате. Вашата планета Меркур влегува во Јарец во сабота, што ви носи нов начин на размислување во однос на интимноста и тоа како ги споделувате информациите за себеси за да изградите подлабоки односи.

РАК

Време е за да завршите некои работи. Во понеделник, полната Месечина во Близнаци ви носи помош, но и ослободување што ве инспирира да го завршите своето страдање во тишина. Искажете си, споделете со другите, што ви лежи на ум. Меркур влегува во Јарец во сабота и ви помага подобро да преговарате и да најдете победа во секоја ситуација преку јасната комуникација.

ЛАВ

Моќта се крие во вас. Полната Месечина во понеделник ве инспирира да покажете лидерство  и да ја пренесете својата енергија на другите. Ќе бидете како кралеви кои ги водат своите луѓе. Кога се поддржуваме едни со други, сите победуваме. Меркур влегува во Јарец во сабота и ви носи подобри навики за да дојдете до мир и релаксација.

ДЕВИЦА

Време е за големи успеси! Полната Месечина во Близнаци ја осветлува вашата зона на кариерата носејќи ви големи професионални промени. Меркур влегува во Јарец во сабота и ве потсетува дека вашата ранливост е сила, а не слабост.

ВАГА

Среќно и удобно патување! Во понеделник, полната Месечина во Близнаци ве носи на авантура кон нови места и ви помага да стекнете нови вештини. Следете ја својата желба за авантура. Меркур влегува во Јарец во сабота и ве инспирира да култивирате емоционална интелигенција, така што ќе им дадете име на оние чувства кон другите луѓе, но исто така и ќе им покажете што чувствувате. Не го кријте тоа во себе.

ШКОРПИЈА

Време е за интимност. Полната Месечина во Близнаци во понеделник го осветлува вашиот сектор на интимност и еротика, носејќи ви задоволство, но и подобри вештини за да го искомуницирате тоа што ви е потребно. Во сабота, Меркур влегува во Јарец и ве инспирира да слушате активно, со цел да се зближите со другите.

СТРЕЛЕЦ

Среќен роденден, драги Стрелци. Полната Месечина во Близнаци во понеделник ви носи можност да дојдете до нови љубовни односи и да ја продлабочите динамиката во постоечките. Меркур влегува во Јарец во сабота, сосема на време за вашиот роденден, што ќе ви помогне да ја подобрите својата финансиска писменост и да го подобрите својот потенцијал за заработка. 

ЈАРЕЦ

Почнете со мали чекори. Полната Месечина во Близнаци ви помага да ги остварите своите цели со тоа што ќе се фокусирате на очекувањата во однос на малите цели кои ги имате. Меркур влегува во вашиот знак во сабота и ви помага да размислувате поинаку, но и да ги зајакнете своите комуникациски вештини. Тоа ќе има одличен ефект на вашиот живот.

ВОДОЛИЈА

Вие вредите! Во понеделник, полната Месечина во Близнаци ве потсетува на вашата вредност. Најдете радост во малите нешта и дајте им љубов на пријателите исто како што ја добивате од нив. Меркур влегува во Јарец во сабота и ве поттикнува да одморите малку од сè. Најдете го својот мир, што и да значи тоа за вас.

РИБИ

Што значи домот за вас? Во понеделник, полната Месечина во Близнаци ви помага да дојдете до емоционална сигурност со тоа што ќе ги искомуницирате своите емоции и ќе дојдете до јаснотија за себе и за другите.Тоа ќе ве направи значително посреќни. Меркур влегува во Јарец во сабота и ве инспирира да се поврзете со своите пријатели и да си дадете поддршка едни на други.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons