Нов триумф на македонските ракометари на подготовките во Стара Пазова
По победата над Нови Београд, најдобрата македонска машка ракометна репрезентација забележа нов триумф на подготовките во Стара Пазова, Србија.
Овојпат избраниците на селекторот Кирил Лазаров во натпревар кој се играше 90 минути со вкупен резултат 51:46 (35:30, 16:15) славеа против еден од моментно најдобрите српски клубови, Динамо Панчево.
Нашата селекција се подготвува за настапот на Мундијалот каде ривали ќе бидат Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Потсетување, Светското првенство ќе се игра од 14 јануари до 2 февруари 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.
Македонските ракометари на СП своите мечеви од групата Д ќе ги игра во хрватскиот град Вараждин.