Најдобриот фудбалски тим на Македонија на сите времиња

Респектабилната Фејсбук страница „Istorija ex yu fudbala“ нè отвори со последната објава. Се обиде да ги избере најдобрите 11 на Македонија на сите времиња. Изборот воопшто не им е лош и покрај коментарите.

Админот на страницата очигледно дека е доста добро поткован, со оглед на тоа што копа најдлабоко во историјата на нашиот фудбал и им дава предност на легендите од минатото.

Голман се знае, Драган Мутибариќ. Лев бек е Кирил Симоновски Џина, кој тешко дека го знаат помладите со оглед на тоа што е роден 1915-та. Се работи за првиот македонски спортист што успеал да ја носи капитенската лента на една југословенска репрезентација и прв македонски спортист носител на златен медал на официјално меѓународно натпреварување од Балканското фудбалско првенство. Има 75 натпревари за Вардар и е прв македонски фудбалер што заиграл за Партизан. Има 10 настапи за Југославија.

Десен бек е Вујадин Станојковиќ кој иста така настапуваше за Вардар и Партизан, како и за Југославија и Македонија. А сега внимавајте добро на стоперското дуо составено од Кирил Дојчиноски и Илија Најдоски. За славниот Дојчин кој почина лани на 78 години, велат дека според елегантниот стил потсеќал на Бекенбауер. Направи голема кариера во Вардар, Црвена Ѕвезда, Троја и ФК Париз, а дебито за Југославија му е на квалификациска против Шпанија во 1968-ма. За Најдоски нема потреба да се трошат зборови. Столб.

Од тоа време е и Методија Спасовски, човекот кој му има дадедно гол на Бразил на Маракана. Знаете друг наш таков? Се работи за пријателска одиграна во 1968-ма на која за Југославија настапил и Дојчин. Фоторепортерите го фатиле заедно со Пеле.

Во среден ред се и една од најголемите вардарови легенди Кочо Димитровски кој е рекордер со 845 настапи за Вардар, како и моторот Тони Савевски кој од Вардар направи трансфер во АЕК Атина каде играше 13 сезони.

За триото во напад има ли потреба да трубиме? Пандев – Панчев – Милко Ѓуровски.

Инаку постот привлече купишта коментари кои не се дочитуваат, а меѓу многумината играчи кои читателите сметаат дека заслужуваат место во тимот, споменати се Бошко Ѓуровски, Васил Рингов, Седловски, Бабунски, Канатларовски, Сетинов, Елмас…

Админот одговара вака: 

A taj? A ovaj? Ja znam još bar 50 vrhunskih igrača, ali umesto koga?

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons