Нов раст на цените на храната

Поскапуваат млечните производи. Во дел од маркетите од денеска павлаката, јогуртот, кашкавалот и сирењето имаат повисока цена од 5 до 30 денари. Ако на нив се додаде и маржата, која веќе не е замрзната и ДДВ то од 5%, покачувањето е уште повисоко. Овчиот кашкавал станува луксуз. Килограм се продава 900 денари. Кравјиот 600, сирењето 400 до 500 денари. Граѓаните револтирани,велат дека цените се менуваат секојдневно, дури и овошјето и зелечнукот станаа луксуз.

Повисоки цени од овој месец  имаат и месото  и месните призводи. Граѓаните наместо по килограм, сега купуваат по грам.

Производителите од месната и млечната индустрија најавуваат дека растот на цените ќе продолжи. Се ближи рокот на потпишување нови договори со маркетите, кои притискале за повисоки работи. Сепак, од власта се оптимисти – велат дека цените ќе се стабилизират, но ако  има потреба од септември ќе има нов пакет мерки. Во игра се или замрзнување на маржите или замрзнување на цените

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons