Полицијата не нашла никакво урнато летало во нивите кај Бујковци 

По информациите од жители на скопското село Бујковци дека попладнето виделе непознато летало во низок лет, кое најверојатно се урнало, од МВР за Канал 5 велат дека постапиле по дојавата и испратиле полициски екипи на местото, но тие не нашле никакво летало.

Во меѓувреме, од МВР контактирале со Агенцијата за цивилно воздухопловство и во други релевантни институции, од каде исто така не добиле потврда за какво било летало во тој реон во тоа време.

Очевидци од Бујковци за Телма изјавиле дека виделе „бело летало кое летало многу ниско и за кое претпоставувале дека потоа се урнало.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons