НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ЗЕКИРИ Кривичен ја одбил гаранцијата

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, доби нови 30 дена притвор, потврдија од Основниот кривичен суд Скопје. Било понудено и гаранција во недвижен имот дека нема да се даде во бегство, што не било прифатено.

Зекири е во притвор од 9 април, како осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања. Обвинителството го сомничи генералниот секретар дека од април 2021 до јануари 2022 година, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

Во истрагата осомничени се и двајца хрватски државјани, а случајот се однесува на злоупотреби во врска со склучување договор за консултантски услуги односно за изработка на физибилити студија за „Пошта на Северна Македонија“.

Зеќири негирше вина во предметот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons