НОВИ МЕРКИ: Задолжително носење маски во здравствените установи, препорачува Комисијата за заразни болести

Задолжително носење маски во здравствените установи, препорачува Комисијата за заразни болести.

Оваа препорака ја донела Комисијата за заразни болести по денешниот состанок, информира портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ. Вели дека ова е со цел да се минимизира можноста за пренесување на болеста, особено онаму каде што имаме загрозени групи, кои може да бидат подложни на тешка компликација како резултат на инфекција со коронавирус.

Препораката ќе ја достават до Министерството за здравство и ресорниот министер. Во моментот во државата има доволно вакцини и лекови што може да бидат на располагање.

За носењето маски во аптеките, Мехмедовиќ појаснува дека во тие објекти препораките се неформални.

Според портпаролот на Комисијата, во државата има мал број заразени од коронавирус. 

Во Србија во сите здравствени установи мора да се носат маски. И во соседна Албанија неодамна имаше пораст на бројот на заразени со коронавирусот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons