Нова бугарска фирма ќе снабдува гас за ЕСМ

Бугарската фирма „Грејстон“ за прв пат е одбрана да снабдува гас за ЕСМ за производство на топлиснак енергија од топланите Исток и Запад за загревање на Скопје во текот на месец октомври.

Неофицијално, на јавниот повик на ЕСМ, ;чиј рок за доставување на понуди заврши на 22 сепетмври, се јавиле три заинтересирани фирми, а бугарската компанија во последен момент на наддавањето понудила најниска цена од 46,9 евра по мегаватчас.

Датумот на почеток на испорака, со оглед на тоа што грејната сезона започнува на 15 октомври, е флексибилен, а дневните количини ќе варираат од 1.200 до 5.000 мегаватчасови.

Според она што го дознава „Фактор“, станува збор за претпријатие поврзано со Тони Стефанов Баев, бугарски бизнисмен познат во јавноста по сопственоста над „Балкан Јутилитис“, компанија која неколку месеци го снабдуваше ЕСМ со гас изминатата грејна сезона откако беше либерализиран пазарот.

Претходно АД ЕСМ веќе објавија дека опожарувањето на мостот Беласица не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, и сите потрошувачи ќе имаат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија.

Сепак, доколку топловодот не биде саниран, како што претходно соопшти Регулаторната комисија за енергетика, трошоците за парно греење ќе бидат многу поголеми, затоа што нема да може да се спроведува многу поевтината топлинска енергија од когенеративната електрана ТЕ-ТО.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons