Не сме виделе вакви разурнувања од Втората светска војна, вели Зеленски
Не сме виделе вакви разурнувања од Втората светска војна, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој денеска ја повика Шведска да помогне во обнова на Украина. Зеленски рече дека едномесечното руско бомбардирање на Украина е слично со тоа што светот го виде во Сирија.
„Видете што и направи руската војска на нашата земја“, изјави Зеленски пред пратениците во шведскиот парламент преку видео врска.
Додаде дека десет милиони жители на Украина се раселени и ги повика „шведските компании и државата да дојдат и помогнат во обнова“ на земјата.
Зеленски, предупреди на можноста Русија да употреби нуклеарно и хемиско оружје.Утре се навршува еден месец откако Русија ја почна инвазијата на Украина. Претходно, рускиот претседател ја призна независноста на Доњецк и Луганск.