Во Косово утре ќе биде Ден на жалост поради смртта на Медлин Олбрајт

Соседно Косово тагува по екс државниот секретар на САД, Медлин Олбрајт која вчера почина на 84 години, и по тој повод утре имаат Ден на жалост. 

Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи петок, 25 март, за ден на жалост по повод смртта на Олбрајт, јави дописникот на МИА од Приштина.

Наведува дека на тој начин, косовскиот народ ѝ оддава почит на како што велат големата пријателка на Косово, која имаше една од клучните улоги при донесувањето на одлуката на НАТО воено да интервенира против Србија во 1999 година.

„Олбрајт ја препозна болката на нашиот народ, затоа што и самата ја преживеала персекуцијата уште од детството, затоа застана цврсто против (српскиот лидер, Слободан) Милошевиќ до запирањето на неговиот геноцид во Косово. Го поддржувше без престан Косово до последниот здив и затоа косовскиот народ ќе ја помни вечно“, се наведува во соопштението од кабинетот на Османи.

Олбрајт беше 64-тиот американски државен секретар, а воедно и прва жена на таа функција.

По предлог на американскиот претседател Бил Клинтон, откако Сенатот го одобри нејзиното назначување, таа ја презеде функцијата на 23 јануари 1997 година. Потоа беше вонреден професор по дипломатија на Универзитетот Џорџтаун. Олбрајт имаше голема улога во нападите на НАТО врз СР Југославија.

Олбрајт значително влијаеше врз американската политика во Босна и Херцеговина и на Блискиот Исток. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons