Нема промени, поскапува ДДВ-то на сметките за електрична енергија

Министерот за финансии Фатми Бесими денеска, како одговор на новинарско прашање, рече дека нема да има легислативни интервенции и дека ДДВ-то на сметките за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар ќе се зголеми од 10 на 18 отсто од 1 јули, односно од утре, како што е законски предвидено.

– Во тој дел веќе се презентирани даночните инструменти. Намалувањето на ДДВ-то беше една фаза во првичната енергетска криза со негово намалување од 18 на 5 отсто. Потоа тоа се зголеми на 10 отсто и враќањето на 18 проценти беше пролонгирано до јуни оваа година. Сега има нова методологија од Регулаторната комисија за енергетика за обликот на кризата со која се мотивира штедењето на потрошувачката со воведување на четири блок тарифи, рече Бесими на денешниот настан во канцеларијата на ЕУ.

Министерот рече дека како компензација, Владата ќе продолжи да ги субвенционира трошоците за производство и снабдување на електрична енергија. Според Бесими, тоа ќе биде еден вид на компензација за зголеменото оданочување.

– Владата како сопственик на ЕСМ на Управниот одбор му даде насоки за цени пониски од цената на чинење и тоа значи дека ќе продолжиме со субвенционирањето. Нема да одиме со намалување на даночните давачки, туку со таргетирани мерки, додаде тој.

Инаку претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, до самото соопштување на новите цени за електрична енергија оставаше простор во своите изјава за можност ДДВ-то да не се зголеми како услов кој суштински би влијаел на самото поскапување.

Како што информираше шретходно Бислимоски пред неколку дена, доколку од 1 јули се врати ДДВ-то за струјата од 10 на 18 отсто тоа ќе значи зголемување за 2,5 отсто на крајната сметка што ја плаќаат домаќинствата со просечна потрошувачка ако, пак, остане ДДВ-то на 10 отсто ќе значи намалување на крајната сметка за 4,26 отсто. 

-РКЕ носи одлуки за цени и тарифи за електричната енергија без ДДВ. Во апсолутен износ ДДВ-то влијае 7 проценти. За едно просечно домаќинство со просечна потрошувачка намалувањето на цената на струја без ДДВ е 4,26 проценти, а влијанието заради ДДВ-то, вкупниот трошок со ДДВ е 2,5 проценти. Се обидовме да бидеме максимално креативни и да го ублажиме зголемувањето на ДДВ-то кое од 7,2 проценти го сведовме на 2,5 проценти како вкупен трошок, рече Бислимоски во одоговор на прашање.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons