Негативен природен прираст во првиот квартал од 2023 година 

Бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период лани, е намален за 8.8 % и изнесува 3 656 живородени деца, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица, пак, во првото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 29.5 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5 233 лицa, а од нив пет се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен – 1 577 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од
бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 2.9 % во споредба со истиот период од
2022 година и изнесува 2 396 бракови.

Во ова тримесечје се добиени 336 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 26.8 % во
споредба со истото тримесечје од 2022 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons