Невидена артилерија, тенкови и пешадиски единици на границата со Косово: САД вечерва ја предупредија Србија!

Соединетите Американски Држави „ја повикуваат Србија да ги повлече војниците“ кои во масовен број се на границата со Косово, изјави денеска портпаролот на Белата куќа, најавувајќи зголемување на присуството на силите на НАТО на Косово.

„Гледаме значително српско воено распоредување долж границата со Косово“, вклучително и распоредување на „невидена“ артилерија, тенкови и пешадиски единици, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност.

Тој не сакаше да го спомене ризикот од можна инвазија на Косово, чија независност Србија не ја признава. Кирби нагласи дека „поради неодамнешните случувања“, силите на КФОР распоредени од НАТО во оваа поранешна српска покраина „ќе го зголемат своето присуство“ на северниот дел од територијата.

Тој не можеше да каже дали ова е само прераспоредување на војниците на КФОР во северно Косово или јасно зголемување на бројот на војници распоредени од тие сили.

Кирби, исто така, рече дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска му се јавил на српскиот претседател Александар Вучиќ за да ја изрази американската „загриженост“ и „да ја нагласи потребата од итна деескалација и враќање на дијалогот“.

Лондон му ја префрли командата на баталјон на НАТО

Британското Министерство за одбрана ја префрли командата на баталјон на НАТО за да може да обезбеди поддршка во Косово доколку е потребно, соопшти денеска во Лондон.

На почетокот на оваа недела, судирот меѓу полицијата и вооружените Срби, заробени во манастир, го претвори тивкото село во северно Косово во бојно поле.

„Поради моменталната ситуација во Косово, ја префрливме командата на првиот баталјон на кралскиот полк на принцезата од Велс – резервни сили за силите на НАТО во Косово (КФОР) на НАТО за да обезбедиме поддршка доколку е потребно“, соопшти министерството.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons