На Трамп му е дозволно да се врати на Фејсбук и Инстаграм 

На поранешниот американски претседател Доналд Трамп му е дозволено да се врати на социјалните платформи Фејсбук и Инстаграм, од кои беше избркан поради упадот на неговите поддржувачи во Капитол во 2021 година.

Профилите на Фејсбук и Инстаграм на Трамп ќе бидат обновени „во наредните недели“, рече менаџерот на Мета во изјава во средата.

Трамп веќе можеше да се врати на својот омилен Твитер, бидејќи мрежата ја купи иноваторот и мултимилијардер Илон Маск.

„Наше општо правило е дека не сакаме да застанеме на патот на отворена, јавна и демократска расправа на платформите на Мета, особено во контекст на избори во демократски општества како што се САД“, напиша претседателот на компанијата за глобални прашања Ник Клег.

„На јавноста треба да ѝ се дозволи да слушне што имаат да кажат нејзините политичари – добро, лошо, грдо – за да можат луѓето да одлучат за кого да гласаат на изборите“, додаде Клег.

Мета му го укина пристапот на Трамп до профилите на 6 јануари 2021 година, кога стотици поддржувачи на Трамп упаднаа во Капитол и нападнаа полицајци и пратеници додека Конгресот заседаваше со цел да ги потврди изборните резултати.

Основачот на Фејсбук Марк Закерберг тогаш изјави дека се плаши од можноста Трамп со својата реторика да предизвика ново насилство.

Мета најави дека во мрежата ќе вгради „нова заштита за да ги одврати навредите“, вклучувајќи високи казни за прекршителите како Трамп, кој се соочува со двегодишна суспензија доколку ги прекрши правилата на компанијата, кои вклучуваат забрана за поттикнување насилство.

Клег рече дека 45-тиот американски претседател „значително се повлекол во истапите“ откако бил блокиран.

Не е јасно дали Трамп, кој основаше сопствена социјална платформа минатиот февруари, некогаш повторно ќе објави на Фејсбук или на Инстаграм.

Но, Трамп сепак на својата мрежа „Трут соушл лајф” ја пофали одлуката на Мета.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons