На Табановце се чека до час и половина, на Богородица до 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопштија утрово од АМСМ.

На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 60 до 90 минути, а на граничниот премин Богородица време на чекање за влез и излез од државата е околу 30 до 40 минути, додека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons